Православната црква го слави празникот посветен на светите Петар и Павле

Денеска православната црква го слави празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле. Според она што е посведочено од црковната историја Петар бил еден од 12те Апослтоли на Исус Христос кој го проповедал христовото учење. Животот му завршил со распнување на крст само со главата надолу.

„Денес православната црква го чествува споменот на светите апостоли Петар и Павле, први меѓу еднаквите апостоли. Од она што ни е посведочено од црковната историја и од самото свето писмо, самото свето предание знаеме дека Апостолот Петар бил еден од дванаесете првоизбрани христовиученици кои го следеле и проповедале неогавата спасителна наука. Тоа е оној апостол кој трипати се откажува од самиот Христос, но подоцна се покајува и станува најголем проповедник на христовото еванглеско учење. И тој како и самиот Исус Христос бил распнат на крст, но бара да биде распнат со главата надолу. “ – вели Арсовски.

Апостолот Павле не бил еден од 12те Апостолите на Христос, прво бил против хриситијанството, но потоа продолжил да го проповеда, за на крај да умре маченички.

„Светиот апостол Павле за разлика од апостолот Петар не е од редот на 12 апостоли. Тој најпрво е еден ревносен гонител на христијаните, но потоа со едно чудно јавување на Господ тој станува проповедник на христовата наука. Маченички пострадува однонсо животот му завршува така што главата му била отсечена со меч.“ – додава Арсовски.

Празникот посветен на Апостолите Петар и Павле посебно се одбележува во Кочани, бидејќи е патрон празник на градот.

Лаура Стојанова М-Нет