
Околу 40 учесници од пет балкански држави досега се пријавени за Балканското првенство во одбојка на песок кое викендов ќе се одржи во Штип. Подоготовките за теренот во СРЦ Џексон веќе се во тек, а одбојкари ќе има од Србија, Романија, Косово, Македонија и Турција. Ова првенство се одржува четврти пат по ред.
„Традиоционално ова е манифестација која се одржува секоја година, Балканската федерација оваа година ја додели на Македонија и Штип се јавува како домаќин на истата. Турнирот ќе се одржи од 14 до 16 јули, од петок до недела. До сега имаме пријавено околу 40 учесници од пет балкански држави. Ќе ни додјдат одбојкари во машка и женска конкуренција од Србија, Романија, Косово, Македонија.“ – вели Мицевски.
Свеченото отворање на турнирот е во петок навечер, а финалните натпревари се закажани за во недела. Оргаизаторот очекува добри одбојкарски натпревари. Во оваа прилика ги покани сите граѓани, љубители на спортот, пред се на одбојката на песок викендов да бидат дел од овој турнир.
„Она што очекувам да се случи во нареднит период е добри одбојкарски натпревари. Свеченото отворање е во петок во вечерните часови, а финалните натпревари се очекува да бидат во недела на 16 јули. Ги поканувам сите љубители на одбојката на песок да дојдат“ – додава Мицевски.
Балканското првенство во одбојка на песок е во организација на одбојкарската федерација на Македонија заедно со Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет