
ФК Брегалница продолжува да го гради тимот за новата прволигашка сезона, а штипскиот клуб потврди дека младите и талентирани Дино Михолов и Лука Ѓеорѓиев ќе бидат дел од „сините“ и во претстојниот шампионат.
Од клубот истакнуваат дека токму младоста, креативноста и упорноста се вредностите што ги красат двајцата фудбалери, кои и понатаму ќе ја продолжат својата фудбалска приказна во дресот на Брегалница.
Михолов зад себе има успешна сезона, во која постигна неколку важни погодоци. Најзначаен беше победничкиот гол во Струмица, со кој Брегалница го обезбеди триумфот што се покажа клучен во битката за задржување на лидерската позиција на табелата.
Од друга страна, Лука Ѓеорѓиев се наметна како еден од најкреативните млади играчи во составот. Со својата пожртвуваност, фудбалска интелигенција и квалитетни настапи редовно ги заслужуваше аплаузите од навивачите.
Во Брегалница веруваат дека овие двајца перспективни фудбалери ќе продолжат да напредуваат и во новата сезона, носејќи значаен придонес во остварувањето на клупските амбиции во Првата македонска фудбалска лига.