“Петровден 2023” – Мешеишта: АСП Пак – Вабко Сервис Џуте во финале, Велески херој!

АСП Пак и Вабко Сервис Џуте се екипите кои се пласираа во големотп финале на 48. издание на турнирот во мал фудбал “Петровден 2023”, кој се игра во Мешеишта.

Во полуфиналето екипата на АСП Пак со минимални 1:0 го доби големото дерби против Др. Баткоски. Натпреварот беше неизвесен до последниот судиски свиреж. Трибините беа исполнети до последното седиште, а интересот беше голем, па голем дел од публиката стоеше околу теренот.

На две мимути пред крајот, кога сите очекуваат победникот да се реши во пенал-рулетот, Александар Велески ја стесе мрежата на противникот за конечни 1:0 и ерупција на трибините со што АСП Пак се пласираше во големото финале.

Во вториот поуфинален меч меѓу Вабко сервис Џуте и ВЗ Груп Враништа победникот се решаваше во пенал-рулетот, откако во регуларниот дел резултатот беше 0:0, а во пенал серијата со 3:2 подобра беше екипата на Вабко сервис Џуте, која во финалето ќе игра со АСП Пак.

Финален ден
Среда 12.07.2023

Натпревар за трето место
20:30 БЗ Груп Враништа – Др. Баткоски

Финале
22:00 АСП Пак – Вабко Сервис Џуте

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.