
Двојно поголема треба да биде цената на јачменот за да има кој да произведува. Земјоделците од кочанскиот регион велат дека сегашната цена на јачменот од 9 дo 10 денари е многу ниска и според трошоците истата би требало да биде над 20 денари. Бараат државата да има слух за нивните барања со цел да не се доведеме во ситуација да нема кој да произведува и да бидеме увозно зависни од храна.
„Станува збор за откупната цена која е незадоволителна за нас, има 9 до 10 денари за житариците, јачменот. Тоа е многу ниска цена, ако ги пресметаме трошоците цената би требало да биде над 20 денари. Државата треба да има слух за нас и да најде решение во овој дел, да не се дозволи трговците да манипулираат со земјоделците, догодина да немаме жито, пченица и јачмен и да бидеме увозно зависни.“ – вели Ташков.
И додека од една страна цената на житарките е ниска од друга страна загрижува состојбата на терен. 50% од родот ќе биде намален заради поплавите кои го зафатија Облешево изминатиот период, а понисок ќе биде и квалитетот. Голем број од нивите нема ниту да се жнеат.
„Не само што нема да е квалитетен туку ќе се намали и родот за 50% и има делови каде нема да се жнее.“ – додава Максимов.
Освен житарките загрижувачка е ситуацијата и со оризот. И покрај тоа што се произведува во вода сепак сегашните поплави не се од корист. Земјодлците апелираат ситуацијата бурно да се следи за да може да се произведе барем нешто.
Лаура Стојанова М-Нет