Pub Делчево, Манто, Еклектик и Борово Стебло – Тони и Синовето во полуфиналето од Малеш Куп во Берово

Синоќа беа одиграни натпреварите од четвртфиналето на ноќниот турнир во мал фудбал „Малеш Куп“.

Преку пенал-рулетот Pub Делчево беше подобар од ОФК Карбинци по регуларните 1:1, Манто 2013 преку пенал-рулетот до полуфинале откако во регуларниот дел беше 0:0 против Панорама Делчево.

Еклектик со 2:0 беше подобар од Extreme / Go Plast, а пак со 2:1 екипата на Борово Стебло – Тони и Синовето преку Кинеска Надеж завери пласман во полуфиналето.

Во полуфиналето Манто 2013 ќе се соочи со Pub Делчево, а пак Еклектик против Борово Стебло – Тони и Синовето. Натпреварите се играат вечерва со почеток од 20 часот.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.