Затворен патот Штип – Радовиш кај клучката за Неготино поради сообраќајка помеѓу три возила

Затворен патот Штип – Радовиш кај клучката за Неготино поради сообраќајна несреќа. Според информации од СВР Струмица, сообраќајната несреќа е пријавена на подрачјето на Радовиш во 10:20 часот. Како што информираше портпаролот, Александра Трајанова, сообраќајната несреќа е помеѓу два автомобила и едно комбе и во моментов трае увидот од страна на екипи на СВР Струмица. Засега на повреди се има пожалено само едно лице, но помош му е укажана на лице место.

Додека трае увидот на надлежните, сообраќајот од Штип кон Радовиш се пренасочува по стариот пат.