Камион излета од патот, се случи сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип – Радовиш

Камион излета од патот, се случи сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип – Радовиш, во близина на штипскиот Затвор. Во несреќата причинета е само материјална штета, оштетувања има и на оградата која ги дели регионалниот и магистралниот пат, но нема повредени. Увид на местото вршеше екипа на СВР Штип, а камионот се отстрануваше со дигалка.

Сообраќајот се одвиваше речиси нормално, без подолги задржувања, ниту беше затворен патот, единствено од страна на возачите беше потребна поголема внимателност.

Ребека Спасова М-Нет