Започнува четвртфиналната борба на Малеш Куп во Берово

Завршија возбудливите натпревари од групната фаза на турнирот Малеш Куп.

По жестоката конкуренција и извонредните настапи, сега ги имаме четвртфиналистите кои ќе продолжат во следната фаза од турнирот.

Синоќа беа одиграни последните четири натпревари од групната фаза. PUB Делчево со 2:0 го доби дербито со Кинеска Надеж, ОФК Малеш запиша триумф од 3:2 над Динго Тир.

Панорама Делчево најавува освојување на турнирот откако синоќе со 6:0 ја декласираше екипата на Рефреш Кафе & Гостилница Гаго. Последниот натпревар по регуларните 2:2, екипата на Борово Стебло – Тони и Синовето беше подобра од ФК Камерун во пенал-рулетот.

Вечерва започнува четвртфиналето. Еклектик игра за полуфинале против Extreme/go plast, Кинеска Надеж против Борово Стебло – Тони и Синовето, Панорама Делчево со Манто 2013, а пак PUB Делчево со ОФК Карбинци.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.