
Започна пријавувањето за меморијалниот турнир во мал фудбал во село Ињево, Радовиш. Пријавувањето на екипи е отворено до 24. јули, а учеството односно котизацијата изнесува 3.000 денари.
Турнирот ќе започне на 26. јули, а финалниот ден е предвиден за 12. август, кога ќе се одигра големото финалето.
Екипите ќе се борат за вредни парични награди. За првопласирната екипа следува награда од 120.000 денари, второто место ќе добие 60.000 денари, за третпласираната екипа е предвидена награда од 30.000 денари, а пак четвртото место ќе добие 15.000 денари.
Дополнително, предвидени се награди за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец на турнирот.
Генерален спонзор на турнирот е дијаспоратата на село Ињево. Пријавувањето можете да го направете кај Илија (071/663-124), Аце (071/320-754) и кај Ангел (070/490-663).
Телевизија М Нет медиумски го поддржува овој спортски настан во радовишко Ињево.
