
Во тек е пријавувањето за меморијалниот турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов“ кој се игра во СРЦ „Младост“ во Неготино.
Ждрепката за извлекување на групите е закажана за на 8. јули, а еден ден подоцна односно на 9. јули ќе започне турнирот. Котизацијата за учество на турнирот изнесува 3.000 денари.
Организаторот на турнирот предвидува парична награда од 80.000 денари за првопласираната екипа, за втората екипа следува награда од 40.000 денари, третото место ќе добие 20.000 денари, а пак четвртопласираната награда од 10.000 денари.
Предвидени се и поединени награди за најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот.
Пријавување учество на екипа на овој меморијален турнир можете да направите на 075 / 207 – 240 (Бојан).
Телевизија М Нет медиумски го поддржува меморијалниот турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов“ – Неготино.
