
Регионалниот ЦУК Штип, известува дека од страна РЦУК Берово има известување дека невремето стивнало. Патот Берово-Виница е прооден, но периодично, бидејки се расчистува патот од наноси. Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, објектот на АМСМ во Берово и повеќе куќи, а има наноси од песок по улиците. Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода во објектот на АМСМ и од куќите. На испомош доаѓаат 2 екипи на ТППЕ од соседните градови.