“Петровден 2023 Мешеишта”: Д-р Баткоски и БЗ Груп Лажани покажаа моќ, Брумел прокнижи три бода

Синоќа се одиграа нови три натпревари од 48. издание на турнирот во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта, а публиката уживаше во 14-те погодоци.

Вечерта стартуваше со убедливата победа на екипата на Д-р Баткоски од 4:0 во натпревар каде екипата на Вис Пој немаше сили да го запре налетот на расположениот противник.

Во вториот меч кој започна во 21:30 часот Слатино загуби од екипата на Брумел со резултат од 1:3.

Во последниот меч Волино доживеа голем пораз, откако беше поразен со високи 1:5 од екипата на БЗ Груп Лажани.

Вечерва на програмата се нови три натпревари.

Вечерва од 20:30 часот играат Подгорка против Стаклара Исмаилоски, од 21:30 часот екипата на Дебрца Експрес ќе се соочи со Бомбаши, а во последниот меч од 22:30 часот, Арена Мислешево оди против Вабко Сервис Џуте.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.