
Телевизија М Нет ексклузивно дознава дека во второлигашот Вардар Неготино, кој по неколку години се врати во Втората македонска фудбалска лига влегува познат бизнисмен.
Според нашите информации бизнисменот ќе вложи сериозна сума на финансии, а целта на Вардар Неготино ќе биде висок пласман на табелата.
Исто така, телевизија М Нет, дознава дека клубот преговара со сериозни засилувања за новата сезона, веќе е обезбеден потпис на неколку квалитетни засилувања со прволигашко искуство, а за кои телевизија М Нет ексклузивно ќе објави за неколку дена, а веќе се водат финални преговори со неколку искусни играчи.
Вардар Неготино во баражот преку пенал-рулетот стигна конечно до Втората лига и веќе покрај влегувањето на бизнисменот и ангажирањето на квалитетните засилувања, се работи и на санација на теренот на Градскиот стадион во Неготино.