28 екипи ќе се натпреваруваат на турнирот „Петровден“ во Мешеишта, фудбалската магија стартува утре

Утре стартува фудбалската магија во Мешеишта со првиот ден од големиот турнир во мал фудбал „Петровден“.

Турнирот во Мешеишта е атрактивен за екипите од цела Македонија, а оваа година за главната парична награда од 80.000 денари ќе се борат дури 28 екипи.

Група A
1.Подгорка
2.Стаклара Исмаилоски
3.Арена Мислешево
4.Вабко Сервис Џуте

Група B

1.Хотел Амбасадор
2.Кафе Бар 9
3.Враништа
4.Св. Троица 2021

Група C

1.Фк Слатино
2.Брумел
3.Волино
4.БЗ Груп Ложани

Група D

1.Др. Баткоски
2.Тороман Мешеишта
3.Вис Пој
4.Гостилница Кај Мече

Група E
1.БЗ Груп Враништа
2.Бомбаши
3.Дебрца Експрес

Група F

1.АСП Пак
2.Алуминиумски Огради Охрид Струга
3.Еко Шпар

Група G

1.Сатеска
2.Камионски Делови Бос
3.Шумско Галичица

Група H
1.Ресторан Станица Викса Пром
2.Пекара Лихнида
3.Игор Бенд Бушиноски

Веќе утре се натпреварите од првиот натпреварувачки ден.

Среда 21.06.2023
20:30 АСП ПАК – Алуминиумски Огради Охрид Струга
21:30 Подгорка – Арена Мислешево
22:30 Стаклара Исмаилоски – Вабко сервис Џуте

На овогодинешниот турнир во мал фудбал „Петровден“ 2023 – Мешеишта, ќе учествуваат 28 екипи поделени во 8 групи.

Наградниот фонд изнесува за Прво место 80.000 денари, за второ место 40.000 денари, за трето место 20.000 денари и за четврто место 10.000 денари.

За првите три екипи ќе следуваат пехари и медали, а организаторот на турнирот предвидува и наградата за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец, Како и награда за најдобар млад играч „Јован Николоски“.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој настан, во теков на сите денови од турнирот во Мешеишта телевизија М Нет ќе извесува за сите натпревари.