Охрид се засили со повратникот Виктор Наумовски, а се раздели со четири фудбалери

Охрид Лихнидос за новата сезона од Втората макеоднска фудбалска лига се засили со повратникот Виктор Наумовски, кој доаѓа од редовите на прволигашот Тиквеш.

21-годишникот и во минатото го носеше дресот на Охрид Лихнидос, а беше дел и од младинските категории на Академија Пандев.

Охридскиот второлигаш се раздели со четири играчи. Христијан Митревски, Александар Ѓорѓиески, Кристијан Костовски и Хадис Таири нема повеќе да го носат дресот на Охрид Лихнидос, а клубот во наредниот период ќе ги промовира новите засилувања.