Голем интерес за 48. издание на турнирот „Петровден“ во Мешеишта, пријавувањето е во тек

Голем е интересот за учество на 48. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, а пријавувањето и поантаму е отворено до 18. јуни до 21 часот, кога истот ќе биде затворено.

Турнирот се одржува во селото Мешеишта, во општина Дебарца, а сите љуботели на фудбалската магија, сите кои веќе биле во Мешеишта знаат дека станува збор за еден голем масовен турнир, кој има одлична организација.

Традицијата на фудбалската магија продолжува и оваа година, по 48-ми пат најдобрите екипи од цела Македонија ќе се борат за освојување на еден од најголемите и најдобро организирани турнири во Македонија. Учеството односно котизацијата по екипа изнесува 3000 денари.

Интересот од година во година е голема, а веќе се пријавени голем број на екипи што укажува дека интересот и на 48-то издание ќе биде голем.

Распоредот на екипи во групи ќе се врши на 19. јуни во 21 часот, а почетокот на турнирот е закажан за 20. јуни.

„Ве молиме да ги запазите термините за пријавување, во спротивно нема да вршиме пријавување по изминатиот рок“, вели организаторот на турнирот.

Големото финале од овој турнир е закажан за 12. јули.