
Недостигот на работна сила во државата не е ситуација која е непозната или непредвидена кај бизнис секторот. Заминувањето на младите на работа во странство, или моментално најактуелната ситуација во која работноспособното население оди на сезонска работа во Хрватска или Словенија на пример не е ново, ниту непознато. Претседателот на Стопанската Комора на Македонија, Азески вели дека преку пазарни механизими ќе се решава овој проблем.
„Кога ќе речеме дека настанал одреден проблем, ние веќе со месеци унапред сме знаеле дека ќе дојде до тоа. Мислам дека веќе зависи во понатамошниот тек од степенот на стандардот кој ќе го диктира и ќе биде во државата, затоа што тоа пак ќе определува враќањето на таа работна сила што привремено излегува, а на пазарот ќе има варијација на цената на таа работна сила. Тоа ќе бидат пазарни механизами. Ние и ден денеска издаваме дозволи, ама се многу сложени. “ – вели Азески.
Бизинсот мора да се прилагоди на ситуацијата и да ја надмине истата, дециден е Азески. Вели дека нема да се увезува работа сила како што изгледа дека има потреба и на различни начини ќе се бара решение на проблемот. Најдобро е според него да се подигне стандардот за да може нашата работна сила да се врати назад во државата.
„Тоа значи дека бизнсот ќе се прилагоди да не мора да увезува толку многу работна сила како што ние претпоставуваме и ќе се преброди тој период. Бизинисот е добро информиран, навреме интервенира и во овие услови во регионот не би останало ништо од него, ама се снаоѓаат и во таква ситуација и ќе го изменаџираат ова“ – додава Азески.
Во меѓувреме додека нашата работа сила егзистенција бара надвор од границите на државата, дел од општините увезуваат работници од надвотр. Во Свети Николе например веќе работат првите работници од Индија, а со ваква тенденција е и Општина Берово. Во текстилната индустрија увезени работници ќе има за три до четири години.
Лаура Стојанова М-Нет