АСП ПАК е победник на турнирот во мал фудбал „Враништа 2023“, Таулоски најдобар голман, Угриноски најдобар стрелец

Заврши уште едно издание на турнирот во мал фудбал „Враништа 2023“, а оваа сезона освојувач на турнирот е екипата на АПС Пак, која во големото финале преку пенал-рулетот ја доби екипата на Бел Мерцедес.

Во финалниот натпревар паднаа четири погодоци за конечни 2:2 во регуларниот дел, а пак во финалето АСП ПАК беше подобар во однос на Бел Мерцедес со 3:4 во пенал серијата.

Во натпреварот за третото место Камиоски делови БОСС со 2:1 ја доби екипата на Фасада Чајник и со тоа го освои третото место на турнирот во мал фудбал „Враништа 2023“.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН:

ПРВО место: АСП ПАК (Охрид) – 80.000 денари
ВТОРО место: Бел Мерцедес (Охрид) – 36.000 денари
ТРЕТО место: Камионски делови БОСС (с. Драслајца, струшко) – 18.000 денари
ЧЕТВРТО место: Фасада Чајник (Битола) – 4.000 денари

АСП ПАК како освојувач на турнирот доби парична награда од 80.000 денари, додека пак во индивидуалните награди како најдобар голман беше прогласен Наум Таулоски, кој доби парична награда во износ од 2.500 денари, а пак најдобар стрелец на турнирот беше Никола Угруноски, кој исто така доби награда од 2.500 денари.

Спортска Мрежа и телевизија М Нет беа медиумски покровители на овој спортски настан, а поддршката продолжува и во следната година.