
Проекцијата на филмот „Што е тоа жена“ вчеравечер се прикажа пред публиката во Кочани. Во големата сала во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, публиката имаше можност да се запознае со филмот кој преставува спој на докумнтарец со хумуристични нишки, а се разработува една доста значаја тема – што е тоа и како се дефинира жената. За нешто повеќе од час и половина се прикажуваат повеќе интревјуа со најразлични лица – професори, доктори, психијатри, психолози и слично кои кажуваат едно свое видување на прашањето што е тоа жена.
„Тоа е филм кој е спој на документарец со хумуристични нишки во кој се разработува една мошне современа и значајна тема Што е тоа жена и како се дефинира жената со посебен акцент на женските права. Овој филм ни дава пластични примери за последиците од Законот за родова еднаквост, бришењето на жената од историјата и заменувањето со нешто апстрактно и неодредено. Законот за родова еднаквост моментално е актуелна тема кај нас и сметаме дека е потребно секој граѓанин да го изгледа филмот за да се информира за што станува збор. Насловот заслужува и одговор – со филмот ќе ја откриете целата перверзија и валкана игра кои ни се спремаат“ – вели Стојанов.
На проекција на филмот во кочанскиот центар за култура имаше свештеници и од кочанската црква кои дадоа целосна поддршка на филмот и неговата содржина. Велат дека ова е повик за да се покаже спротивставување на неприродните работи кои се појавуваат.
„Овој филм кој моментално е од голема важност не само за нас како град, цела држава оти се дава едно од најсуштинските прашања „Што е жена“ бидејќи знаеме светските трендови кои се случуваат веќе во Америка и Канада, а народот вели штом мечката игра кај комшијата ќе дојде и кај нас и сведоци сме на тоа дека сакаат да се спроведат едни Закони кои не се природни и својствени. Се обидуваат да ни ги наметнат завиткани во розов целофан, но ова е еден повик како црква да искажеме едно спротивставување на ваквите неприродни работи бидејќи е јасно дефинирано што е маж, а што жена“ – вели Арсовски.
По проекцијата во Кочани, во петок на 2 јуни во 19 часот филмот ќе биде прикажан во Домот на културата во Зрновци како и во другите градови во државата.
Лаура Стојанова М-Нет