
Намаленото производство ги зголемува цените на штипскиот пазар. Некои од продавачите ги покачија, други ги оставија исти како и минатиот петок, ама велат дека временските услови не се во полза на производството. Главно, се задоволни од побарувачката.
Купувачите, пак, делумно се задоволни од цените. Едни ја разбираат маката на земјоделците, други потенцираат дека за нив е скапо. Слични како минатиот петок или нешто поскапо – ова се одговорите кои, главно, ги добивавме во однос на цените. Сепак, согласни се во тоа дека очекуваат намалување.
Овој петок најмногу се бараше салата, зелката, краставиците и пиперот, но на пазарот значително присутни беа јагодите и црешите.
Ребека Спасова М-Нет