Асфалт доби улицата во село Долни Балван, Општина Карбинци вложува во инфраструктурата

Улицата во село Долни Балван доби асфалтен слој. Станува збор за улица со површина од 700 метри квадратни и финансиски средства од 700 илјади денари. Со активностите на терен денеска започнува реализацијата на проектот за асфалтирање на улциите во Долни Балаван и Радање кои се дел од ветениот проект на градоначалникот Виктор Паунов.

„Денес сме овде во село Долни Балван каде што работиме на асфалтирање на онаа улица која ја најавив и претходно. Со оваа улица го почнуваме овој проект на асфалтирање на улици. Од овде ќе продолжиме и во село Радање – таму ќе асфалтираме две нови улици. Оваа улица е со површина од 700 метри квдратни и со сума од некаде 700 илјади денари. Вкупно трите улици во овој пакет се 1.400.000 денари.“ – вели Паунов.

Паунов истакна дека на територија на Општина Карбици и во наредниот период породлжуваат активностите на терен, како и проектите за подобрување на инфраструктурата во сите населени места. Посочува дека тоа е по барање на жителите и со цел подобрување на начинот на живот.

„Општина Карбинци и понатаму ќе продолжи да вложува во инфраструктурата, пред сѐ во улиците каде по барање на жителите работиме за реализирање на проекти и решавање на проблемите“ – додава Паунов.

Денеска се асфалтираше и пристапниот пат кон филтер станицата во Карбинци со што општината ќе се приклучи на ХС Злетовица од каде неколку населени места ќе добиваат чиста вода за пиење.

Лаура Стојанова М-Нет