Штипјанецот Влатко Василевски на Меѓународен боксерски турнир „Лах Нимани“ во Приштина

Седум македонски боксери замина на Меѓународниот боксерски турнир „Лах Нимани“ во Приштина. Меѓу нив е и младиот штипјанец Влатко Василевски од клубот „Баргала“ кој се натпреварува во категоријата 75 килограми. Освен Василевски боите на Македонија и Боксерската федерација ги бранат и Бајрам Мамутов, Мартин Јузмески, Адријан Рустемовски, Марио Ефремов, Ружди Рустемовски и Матеј Чатлески.

Меѓународниот турнир во Приштина се одржува викендов, на 20 и 21 мај, а целта на младите боксери е преку интернационални борби да стекнат драгоцено искуство кое многу ќе им послужи во понатамошниот тек на нивната кариера.