
Тешко, речиси невозможно да се најде слободно паркинг место во Штип, граѓаните на терен велат сѐ е зафатено, гужва има во текот на целиот ден, а проблемот стар со години никако да се надмине. Регираат дека автомобили освен на обележано паркинг место има и по тротоарите, и по улиците, гужвата и метежот во централното градско подрачје се секојдневие. Сите анкетирани се согласни дека треба да се изграт катни гаражи со што би се регирало на гужвата со автомобили во центрот на Штип, и ќе може да се најде слободно паркинг место.
„Веројатно треба, оти не е проектиран градот за овој сообраќај. Грешката е уште пред 50 години. Требало да се предвиде дека ќе има ваква гужва. Тешко е да се најде паркинг мести, речиси невозможно.“ – велат граѓаните.
На прашањето дали се оптимисти дека катните гаражи ќе бидат готови како што е најавено од актуелната Локална Власт во Штип, анкетираните без конкретен одговор.
„Они најава 10 години кажуваат па нема. Дај Боже да има.“ – додаваат граѓаните.
Јорданов вели дека во завршна фаза е изброт на изведувач за изградба на првата катна гаража во Штип, на локацијата позади Домот за култура Ацо Шопов. Потенцира дека во наредниот месец се очекува да започне постапка за изградба на втора катна гаража.
„Во следниот месец очекуваме да зврши постапката и за втората локација, а таа се наоѓа на почетокот на улицата Ванчо Прке. Исто така го решаваме проблемот со паркингот со нова катна гаража веднаш до зградата Промаја, која е едно тесно грло во градот и бара дополнителни паркинг места“ – вели Јорданов.
Изградба на катни гаражи и решавање на долгогодишниот проблем со пракинг местата во Штип е едно од предизборните ветувања на Јорданов.
Лаура Стојанова М-Нет