
Денес беа одиграни натпревари од претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, со што до крајот останува уште едно коло, а потоа ќе биде спуштена завесата во мак фудбалот.
Брегалница и Академија Пандев на Градскиот стадион во Штип ги поделија бодовите играјќи 1:1, а откако Скопје загуби убедливо во Кавадарци, „пандевци“ на едно коло до крајот и официјално го обезбедија опстанокот во Првата лига.
Академија Пандев беше предводена од привремениот тренер Тони Атанасовски, и уште во 6. минута гостите од Струмица стигнаа до водство со голот на Трајков, но беше постигнат од недозволена позиција.
Следуваа „закани“ кон голот „пандевци“, но Алчевски беше на вистината на задачата и по првиот дел мрежите мируваа. На стартот од вториот дел Брегалница предводена од Здравков беше многу добра, а по една погрешно вратена топка кон младиот голман Алчевски, Додев успешно пресече го мина противничкиот голман и постигна гол за водство на Брегалница од 1.0.
Брегалница имаше уште неколку шанси, но Алчевски повторно успешно ги одби сите удари на противникот и не дозволи двојна предност за Брегалница. Во 65. миунта Врдољак високо скококна и постигна гол за 1:1.
Силекс на домашен терен со 2:0 го доби Работнички, а трите бодови беа обезбедни уште во првиот дел. Во 19. минута Стефан Деспотовски си постигна автогол со што домашниот тим имаше предност од 1:0, а веќе во 32. минута Давид Манасиевски постигна гол за конечни 2:0.
Тиквеш со убедливи 4:0 го декласираше Скопје во второто полувреме, со што „пиратите“ и официјално се во баражот за опстанок во Прва лига каде ќе играат против Вардар.
Ивановски во 65. минута го отвори резултатот за 1:0, а потоа со два брзи гола на Спахиу во 70. и 73. минута Тиквеш имаше водство од 3:0. По само две минути Миркович ги постави конечните 4:0.
Шкупи со високи 3:0 ја доби скопската пресметка со екипата на Македонија Ѓорче Петров и сезоната ќе ја заврши на второто место, откако Шкендија загуби дома од новиот шампион Струга.
Сандеј беше двоен стрелец на Чаир, а во листата на стрелци се запиша и Али Адем.4
Новиот шампион Струга Трим Лум преку пресврт ја доби Шкендија и славеше нова победа во Тетово од 1:2. Струга немаше проблем да запише нова победа и да продолжи со својата успешна сезона, најавувајќи голема борба и во финалето од Купот каде ќе играат против бранителот на Куп-титулата, Македонија ЃП за историска двојна титула.
Во првиот дел мрежите во Тетово мируваа, а стартот од вториот дел донесе возбуда и на двете страни. Ибраими во 56. минута ја стрсе пречката на Шкендија, а Шала од со удар со глава го совлада Ќошевски и донесе водство за Шкендија од 1:0. Рамадани заработи црвен картон, а тоа Струга одлично го искористи, па со два брзи гола ја шокираше Шкендија за голема победа од 1:2 во Тетово.
Победа и официјално уште пред неколку гола испадна од Прва лига, а денес и официјално Скопје ќе игра бараж за опстанок со најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.