
По третпат се распиша оглас за јавна набавка за избор на изведувач за да може да се постават фотоволтаици на Ректоратот во Штип. Првите два обида пропаднаа бидејќи немало соодветни понуди, вели рекоторот, Дејан Мираковски. Се надева дека овојпат ќе се избере изведувач со цел да се намалат трошоците за електирчна енергија. Во меѓувреме се размислува и за набавка на нов систем за загревање со што драстично ќе се намали потрошувачката на струја.
„Распишавме по третпат оглас за јавна набавка на фотоволтаици, сакаме да почнеме со Рекоторатот. И покрај тоа што се обезбедени средствата, за жал веројатно, поради многу големиот интерес немаме заинтересирани компании, односно тие што се јавија не ги исполнуваат условите. Се надеваме дека со третата ќе успееме конечно да избереме соодветен изведувач и да ја реализираме. Ние правиме и други активности да ја намалиме потрошувачката на струја. Се надеваме дека ќе успееме да набавиме нов систем за загревање базиран на топлотни пумпи за овој објект со што значително ќе ја намалиме потрошувачката на струја“ – вели Мираковски.
Проекти за поставување на фотоволтаици има и од Општина Штип. За почеток треба да се обезбедат средства за панели кои ќе бидат пставени на три згради под Локална самоуправа, а понатаму ќе се размислува за проширување. Според градоначалникот Јорданов на ваков начин ќе се намалат трошоците за електрична енергија.
„Во таа насока веќе со овие проекти на три институции под Локална самоуправа, општинската зграда, зградата на ОУ „Ванчо Прке“ и зградата на филтер станицата. Аплициравме преку ИПР да добиеме финасиски средства со кои ќе се исталираат овие фотоволтаични панели и со тоа очекувам наредната година веќе да се намалат трошоците за електирчна енергија и практично да се прилагодиме на новонастанатата состојба со зголемената цена на берзата“ – додаде Јорданов.
Поставувањето на фотоволтаици на крововите на институции, згради, но и домаќинства стана честа пракса откако цената на електрична енергија се качи доста високо.
Лаура Стојанова М-Нет