
Панахида по повод 120 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев организираше ОК на ВМРО ДПМНЕ во Штип. Во црквата Успение на пресвета Богородица во штипско Ново Село се реализираше настанот, на кој присуствуваа членови на општинскиот комитет, но и останати граѓани. Претседателот, Душко Иванов потенцираше дека задача на сегашните и идни генерации е да се оддаде достоинствена почит на ликот и делот на Делчев.
„ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип во црквата Успение на Пресвета Богородица во Ново Село оваа година организира настан или панахида по повод 120 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев. Ликот и делото на Делчев, деецот на македонската револуционерна организација, водачот на македонското револуционерно движење е тесно поврзано со Штип и со Ново Село, поточно истиот во 1895 година бил учител во Ново Село. Од тие причини сметаме дека наша обврска и обврска на сите идни генерации е да дадеме почит на ликот и делото на Гоце Делчев бидејќи тој е апостолот на македонската револуционерна борба, идеолог и визионер чии визии и идеи за Македонија отсекогаш биле и ќе биде водилка за македонскиот народ“ – вели Иванов.
Панахидата во чест на Гоце Делчев е показател дека на достоинствен начин му се оддава почит на македонскиот идеолог и визионер, а ова треба да го практикуваат и идните генерации, порача Иванов.
Лаура Стојанова М-Нет