Од утре започнуваат десетитте традиционални „Ѓурѓовденски обичаи, игри и ора“ во Зрновци и Кочани

Утре официјално започнуваат десетите по ред традиционалани „Ѓурѓовденски обичаи, игри и ора“ кои ќе се одржат во Зрновци и кочанско Оризари. Со дефиле по улиците во Општина Зрновци, настап на фолклорни друштва од државата и странство, подготовка на храна и дегустација на истатата продолжува и оваа година да се негува традицијата пред празникот Ѓурѓовден.

„Од четврти до седми мај оваа година ќе се одржат десетите по ред традиционалните „Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Зрновци и во Оризари. Ќе се одржат два фолклорни концерти, на 5 мај во Зрновци и на 6 мај во Оризари. Учество ќе земат наши пријатели од Херцегнови, од БиХ, Бугарија, Словенија, „Китка“ – Истибање, од Подареш и од Сушево. Активностите ќе започнат со фолклорно дефиле низ улиците во Општина Зрновци“ – вели Тошев.

Речиси идентична е организацијата и за во сабота кога активностите ќе се реализираат по улиците во кочанско Оризари. И овде е предвидено да се престават учесници од Македонија и странство со што етно фестивалот добива меѓународен карактер. Учесниците ќе се натпреваруваат во влечење јаже, скокање во вреќа и во играта јајце во лажичка со што се слави празникот на обновување на природата и животот.

„Програмата продолжува и во сабота, активностите во Оризари започнуваат во 14 :30 часот со дефиле по улиците во Оризари.“ – додава Тошев.

Како и претходно манифестацијата е финансирана од страна на Министерството за култура, Општина Кочани, Општина Зрновци и бизнис секторот во државата.

Лаура Стојанова М-Нет