
Дали ЈП „Плачковица“ Карбинци има испорачано помалку комунални услуги па има загуба од над три милиони денари за 2022 година – прашаа денеска преку писмено соопштение од ОО на СДСМ Крабинци.
„Сакаме јавно да прашаме зошто во ЈП,,Плачковица,, Карбинци во завршната сметка за 2022 г. во приходниот дел недостасуваат околу 3.000.000,00 денари или 25 % од вкупно предвидени приходи за тековната година, дали за овој износ претпријатието има испорачано помалку комунална услуга или станува збор за нешто друго.
Сакаме да прашаме, дали членовите на Управниот Одбор на ЈП,,Плачковица,, – Карбинци имаа информација за лошата финансиска состојба и што имат преземено.
Дали за состојбите во комуналното претпријатие членовите на надзорниот одбор или одборот задлжен за контрола на матерјално-финансиско работење имат преземени одредени мерки за да не дојде до задолжување на претпријатието.
Дали членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор се назначени согласно законот за Јавни претпријатија, дали имат содветно образование и работно искуство за да можат да управуват вакво претпријатие.“ – прашаа од СДСМ.
На ова директорката Елена Коцева одговори дека загуби има ама заради грешки кои се направени во времето на СДСМ.
„Претпријатието ја заврши 2022 година со загуба од околу три милиони денари и тоа поради покачената цена на електричната енергија и покачувањето на минималната плата. Сите останати трошоци се сведени на минимум за разлика од претходното трошење на власта на СДСМ. За она што не обвинуваат дека има недостиг во приходите е исто повторно нивна грешка оти по направениот увид од наша страна е констатирано дека на голем дел од физичките лица напишана е поголема кубикажа за потрошена вода и ние сме довдедени во ситуација да ја сведуваме точноста на броилата“ – вели Коцева.
Коцева додава дека заради грешки во минатото денеска трпат загуби во јавното претпријатие.
Лаура Стојанова М-Нет