
Површините под жито и сончоглед се зголемени што значи нема потреба за загриженост во делот на обезбедување со жито и храна посочи денеска од Штип, мининстерот за земјоделство, Љупчо Николовски. Ако лани имало 70 илјади хектари пченица благодарение на добрите политики на министерството таа површина оваа година ќе биде зголемена на 78 илјади хекатри.
„Благодарение на политиките на дополнителна поддршка минатата фодиа преку интервентниот фонд, 40% даваме поддршка за вештачкото ѓубре тогаш кога беше проблем, и во пролетната и во есенската сеидба. Со новиот модел на субвенционирање во сончогледот денеска гледаме дека за само неколку месеци имаме дуплирано производство на сончоглед, зголемени површини, приноси и зголемени површини кои се засадени со пченица, а кај јачменот имаме драстчно зголемен извос.“ – вели Николовски.
Преку мотивација на земјоделците да ги применуваат сите мерки се постигнува денешниот резултат со кој се забележува зголемување на домашното производство кое останува дома. Николовски посочува дека за една година за четири пати е намален увозот на сончоглед.
„Се сеќаваме минатата година кога настана криза недостаток со зејтин, денеска може да се забележи дека го стабилизиравме и го зголемивме домашното производството. Сите мерки и политики беа насочени домашното македонско производство да остане дома“ – додава Николовски.
Мерките и политиките на министерството за земјодели продолжуваат и во иднина дециден е Николовски, со цел да се зголемува уште повеќе домашното производство и да се задржат младите во државата.
Лаура Стојанова М-Нет