Со 10 милиони денари тротоари ќе добијат низа улици во Штип, проектот започна од ул. „Сутјеска“

Започна уредувањето на тротоарите на улица „Сутјеска“ во Штип. Со бекатон плочки ќе се уреди прво едната, а потоа и другата страна на страна на улицата, и по долги години и жителите од овој дел од градот ќе добијат тротоар и место за движење. Увид во стартот на градежните активности изврши градоначалникот Иван Јорданов, кој посочи дека ова се прави по барање на граѓаните. Издвоени се нешто над еден милион денари пари од Буџетот на општината.

„По завршувањето на едната страна на тротоарската површина на улица „Сутјеска“ ќе продолжиме со третирање на спротивната страна сѐ со цел оваа улица да биде побезбедна за пешаците. Ова е барање на жителите од оваа улица, неколкупати до сега доставија барање до нас дека има потреба да се истретираат и овие површини“ – вели Јорданов.

Освен на улица „Сутејска“, тротоари ќе добијат и низа други улици на територија на Ошпштина Штип. Со вкупно 10 милиони денари пари од општината ќе се уредат улици во населбите Сењак, Пребег, Баби, Осми Номеври.

„Тротоарот во населба Осми Ноември, на улица „ЈНА“ на „Енгелсова“, исто така во населба Сењак, на улица „Борис Краѓер“, „Партизанска“, тротоарски површини на улица „Лески“ во населба Баби. Во населбата Пребег ќе продолжиме со реконструкција на постоечките тротоарски површини во вкупен износ од 10 милиони денари, пари од Буџетот на Општина Штип“ – додаде Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека максимално се трудат сите населби и улици во Штип да добијат тротоари, со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците во сообраќајот.

Лаура Стојанова М-Нет