БК Олимпија ќе го пречека и ќе биде домаќин на Џордан Џонсон во Штип во периодот од 1 до 6 мај

Боречкиот клуб Олимпија ќе биде домаќин на борецот на микс од боречки вештини Џордан Џонсон од САД. Во Штип Џонсон ќе престојува во периодот од 1 до 6 мај и ќе се одржат четири таканаречени клиники, а ќе се промовира и спортот кај младите.

„Во период од 01 мај до 6 мај 2023 година гостин на борачкиот клуб Олимпија од Штип ќе биде ММА борецот (или борецот во дисциплина на микс од боречки вештини) и долгогодишен натпреварувач во престижното „Ултимејт фајт“ натпреварување, Џордан Џонсон од САД. Џонсон ќе одржи 4 т.н. клиники, во кој ќе одржи промотивни тренинзи на база на семинар со цел согледување на потенцијалот, но и промоција на овој спорт кај младите. Имајќи во предвид дека станува збор за еден од најпрестижните, но и најмасовно поддржуваните боречки спортови во светот, ова ќе претставува одлична можност не само за штипјани, туку и за сите млади од земјата. Со оглед на тоа дека основниот спорт во кој Џонсон ја започнува својата кариера е борењето, боречкиот клуб Олимпија ќе биде негов домаќин не само за овој настан туку и за идните ангажмани кои во перспектива ги има Џонсон, не само за земјата туку за Источна Европа.“ – стои во писменото соопштени од БК Олимпија.

Од боречкиот клуб ги покануваат сите млади спортисти од боречките спортови, борење, џудо, бокс, карате, К1 и сл. кои се заинтересирани да одржат тренинг со Џонсон. Тренинзите ќе се спроведат на ден 3 и 4 мај во период 10:00 часот и 17:00.

За да може да присуствуваат на овие тренизни, како и за подетални информации заинтересираните потребно е да се пријават, бидејќи бројот на учесници е ограничен.

Трошоците за присуство на овие тренинзи на база на семинар, се на товар на боречкиот клуб Олимпија.

Лаура Стојанова М-Нет