
Празнично, убаво и скромно – вака граѓаните во Штип одговараа на прашањето како поминаа Велигденските празници. Велат дека семејствата се собрале на една трпеза, се подготвил празничен ручек, ама додаваат дека сѐ тоа било во рамки на финасиските можности односно доста скромно. Дополнително на ова додаваат дека за по празниците пари веќе нема, до наредна пензија повозрасните штипјани имаат пари само за лекови и праз.
„Никак, сама сум, само дома, дојдеа некои гости и така. Трошок голем да спремам ручек едно друго. Од дека пари, видете што купувам, само лекови и праз“ – велат граѓаните.
И додека христијанскиот Велигден помина, верниците од Исламска вериосповед се подготвуваат за празникот Бајрам. И тие пред камерите на М-Нет телевизија велат дека тешко е да се подготви празнична трпеза, со баклава и сѐ што е потребно за да се прослави Бајрам.
„Во петок ни е Бајрам и се подготвуваме. Ама тешко, јас со една пензија, син ми не работе. Што е потребно, сѐ е потребно, само нема пари“ – додаваат грѓаните.
Верниците од Исмалска вероисповед Бајрам слават во петок на 21 април кога е и неработен ден.
Лаура Стојанова М-Нет