ОФИЦИЈАЛНО: Беласица не ја прифати оставката на Гуцев, тој останува на тренерското столче

Управата на Беласица на денешниот состанок ја разгледа понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше едногласно одлучено дека истата не е прифатена.

Иако првично беше опција Шефки Арифовски да ја води екипата до крајот на сезоната, како што веќе објави телевизија М Нет, сепак, денес беше донесе одлука младиот тренер Благој Гуцев да ја води и понатаму струмичката гордост, а како што велат од клубот Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ.

“На денешниот состанок на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше одлучено едногласно дека не е прифатена истата. Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на ФК Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ”, се вели во соопштението на Беласица.