
На 14.04.2023 во 11.50 часот во СВР Скопје, 42-годишен штипјанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 400 евра. Според пријавеното, откако тој се договорил со лицето да му изврши занаетчиски работи на неговата куќа во скопско село, лицето побарало од него на патарина Миладиновци да ги даде парите на друго лице, а потоа тој ќе му ги врати. Како што е пријавено, откако ги дал парите телефонскиот број на лицето веќе не бил достапен, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.