
Актуелните состојби на зелените пазари главна тема на дискусија на денешната средба која се реалзираше во просториите на Општина Штип. Преставници од повеќе градови како и од стопанската комора на Македонија разговараа за подобрување на условите на зелените пазари во регионот, како и воведување новитети, а акцент се стави на искористувањето на покривите за производство на електрична енергија.
„Морам да ви кажам дека многу од зелените пазари во изминатиот период имаа инфраструктурно инвестирање, дали станува збор за покриви, одводна канализација, уредување на тезгите, хигиена и отпад. Актуелно е како е да се искористат покривите и да се произведува електрична енергија оти ова станува сѐ поактулено со електричната криза.“ – вели Михајловска – Василевска.
Од Стопанската комора посочија дека најголем проблем со кој се соочуваат зелените пазари е хигиената и отпадот, а искуствата покажауваат дека има простор за да се реагира и да се работи на оваа проблематика. Во низата точки на кои тереба да се работи се најде и сивата економија однонсо нелојалната конкуренција која е доста честа појава околу пазарите.
„Со обезбедување на комуналана инфраструктура одржувањето на пазарите исто така може да биде значително подобрено, но сериозен проблем на зелените пазари е и сивата економија и нелојалната конкуренција која се јавува околу зелените пазари, бидејќи мора да кажеме дека закупците на тезги што се внатре во пазарите, тоа се или физички лица или компании кои плаќаат данок. Согласно Законот не може да биде закупец на тезга некој што не е регистриран даночен обврзник“ – додава Михајловска – Василевска.
Зелените пазари се доста атрактивни во нашата земја, честопати се посетувани и од страна на турситите и токму затоа многу важно е да води грижа за хигиената, одржувањето иинфраструктурно подобрување на условите на зелените пазари во регионот.
Лаура Стојанова М-Нет