Синоќа повторно почувствувани земјотреси во Штип

Синоќа повторно се регистрирани земјотреси во Штип на 70 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Земјотресите се случиле во 3:24 и 4:11 часот со јачина од 2,9 и 2,2 според Рихтеровата скала. Земјотресите ги почувствувале граѓаните на Штип и околината.