Зајази подобар од Љуботен, Напредок поразен од лидерот Влазерими Ј 1977

13 коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад денес беше комплетирано со мечот во Зајаз, откако истото беше отворено во петокот во Кичево.

Во воведниот меч од петокот на Градскиот стадион во Кичево беше одиграно градско дерби, во меч каде некогашниот прволигаш Напредок беше со 0:3 декласиран од лидерот Влазерими Ј 1977, кој повеќе од сигурно оди во бараж за Втора лига.

На полувреме Влазерими Ј 1977 имаше водство со голот на Флориан Мехмеди во 24. минута, а во вториот дел Осман Исмаили со два погодоци во 65. и 79. минута ги постави конечните 0:3.

Денес Зајази го доби дуелот со Љуботен на домашен терен со 3:1, натпревар кој беше решен во финишот. Шќиприм Руфати во 5. минута го отвори резултатот, а пред крајот на првиот дел Филип Аризнкоски постигна гол за 1:1.

Во вториот дел неизвеноста траеше до 83. минута, кога Дардан Џеладини постигна гол за 2:1, а по шест минути со втор гол на Џеладини беше поставен конечниот резултат од 3:1.

Лидер на табелата е Влазерими Ј 1977 со 27 бодови, втор е Зајази со 21 бод, но и меч помалку.