
Со акција на три локации во Штип средношколците од средното медицинско училиште „Јане Сандански“ го одбележаа Светскиот ден на здравјето – 7 април. Под мотото „Здравје за сите“, на улицата „Ванчо Прќе“, во населба Сењак и на градскиот пазар во Штип се мереше шеќер во крвта и крвен притисок на случајни минувачи.
„По повод 7 април светскиот ден на здравјето учениците од СОУ „Јане Сандански“ Штип организиравме и спроведовме акција со цел мерење на крвниот притисок и гликемија, како и промовирање на здравјето под мотото „Здравје за сите““ – вели Гоцева.
Граѓаните и овој пат задоволни од ваквите акции, велат дека треба да се спроведуваат, за да се направи мала контрола на сопственото здравје.

Заинтересирано имаше уште од самиот почеток на акцијата, а резултати покажуваат дека поголем дел од граѓаните имаат нормален крвен притисок.
„Заинтересираноста беше доста голема, уште во првиот час потрошивме голем дел од нашите материјали, беше измерено на повеќе од 50 лица шеќер во крвта додека пак беше голем интерсот за мерење на крвен притисок. Најголем процент од луѓето имаат нормален крвен притисок исто така и нормали вредност на гликемија, а имаше и некои отстапки“ – додава Гоцева.
На реализираните акции по повод Светскиот ден на здравјето се поделија и флаери како и корисни совети од страна на учениците на случајни минувачи.
Лаура Стојанова М-Нет