
Со пригодна манифестација, интонирање на химната, положување свежо цвеќе и музичка програма организирана од страна на учениците и наставниците, се одбележа патрониот празник на ОУ „Малина Попиванова“ во Кочнани. На манифестацијата учениците потенцираа дека со голем напор и посветена работа се постигнуваат вредни резултати.
„Училиштето за нас преставува место каде се работи сериозно, со голем елан, посветеност, ентузијазам. Се трудиме да го афирмираме училиштето на сите полња внесувајќи едукација во наставата, учествувајќи активно на многу проекти на кои се постигнуваат вредни резултати.“
За 38 патрон пазник на училиштето со пригоден говор кон присутните се обрати и директорот Благој Петров. Посочи дека училиштето е место каде се работи сериозно и се придонесува за развој како и заложби за идните генерации.

„Чест ми е да ве поздравам и да ви се заблагодарам за вашето присуство. Денес го одбележуваме 38 партон празник на училиштето, денот кога нашата сограѓанка револуционерката Малина Попиванова се родила. Училиштето за нас е место каде се работи сериозно и се залагаме за иднината на идните генерации“ – вели Петров.
На настанот присутните имаа можност да ја проследат богатата програма организирана и реализирана од страна на учениците и вработените во училиштето.
Лаура Стојанова М-Нет