Божидар Доневски, Даница Левкова и Ивона Тодорова се победниците на 11. Ораторска вечер на УГД

СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ и студиската програма Медиумски студии и односи со јавноста при Правниот факултет на УГД ги имаа своите победници на 11. по ред Ораторска вечер, која се одржа вчеравечер во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет. „Народе ќе нè биде ли?“ на Даница Левкова и „Земјата плаче!“ на Божидар Доневски се ораторските говори кои ги освоија симпатиите на Стручната комисија.

Можност да избира најдобар оратор имаше и публиката, која се одлучи за средношколката Ивона Тодорова од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани. Ораторскиот говор носеше наслов „Солзите на мајките…“.

Новина во овогодинешната Ораторска вечер беше што меѓу 12. учесници освен студенти на УГД, имаше и средношколци и тоа од средни училишта во Штип, Кочани и Пробиштип. Победниците избрани од Стручната комисија добија парична награда од 200 евра и подароци од универзитетските медиуми, а победничката избрана од публиката доби награда од Фондот за развој на локалната заедница во вредност од 18.000 денари.

Ребека Спасова М-Нет