
Со пригодна манифестација основното училиште „Раде Кратовче“ во Кочани го одбележа својот патронен празник. На свечениот настан беше приредена културно-уметничка манифестација на која музичка точка изведе и училишниот хор.
„Имам потреба да кажам зошто овој човек зел оружје во рака да се бори против фашистичките окупатори. Зошто овој човек на само 33 години загина? Одговорот е еден и единствен – за слободна и независна Македонија. Денеска сум многу горд не затоа што сум дел од раководниот тим на најстарото училиште, туку затоа што сум дел од еден тим на училиште коешто е извор на писменоста, извор на знаењата. Горд сум на моите колеги коишто вложуваат огромни напори да ги научат учениците да стекнат знаења и вештини. Горд сум на учениците коишто постигнуваат одлични резултати на регионално и на државно ниво. Вечна нека му е слава! Честит нека ни е патрониот празник“, истакна Драган Трајчев, директор на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани.
Во рамки на културно-уметничката програма беше положено и свежо цвеќе на споменикот на Раде Кратовче во училишниот двор од страна на градоначалникот и претставници од Општината, институции, здруженија и други присутни.
Ребека Спасова М-Нет