
Од денеска започнува Рамазанскиот пост. Ова е еден од најважните пости за муслиманите, месец кога се сплотуваат, се смируваат, месец на хармонија, мир, милост. Рамазанските празници се поминуваат на помирен и подобар начин за да се добие господовото задоволство. Овој месец на молитви, луѓето целиот ден го минуваат во молитва и се чистат од своите гревови.
„Постот е мислост или сваќање на луѓето кои немаат што да јадат. Постот започнува пред изгрејсонце, па трае сѐ до зајдисонце, и тој период ние се возджуваме од храна, пијалоци и цигари. Гледаме целиот ден да ни помине во молитва.“ – вели Шабановски.
Овој месец на пости во Штип е и оџата од Турција кој истакна дека овде ќе престојува до крајот на рамазанскиот месец, а пратен е од верската заедница на Република Турција.
„Ако треба да кажам нешто за Штип, Штип ме потсеќа на моето село, а истовремено е продолжение на село и град затоа многу ми се допадна. Овде ми се допаѓа што се зборуваат повеќе јазици за разлика од Турција каде има само еден службен јазик кој се користи.“ – додава Сака.
Во овој месец секоја вечер се подготвува ифтар, настан на кој во џамијата се готви храна за сите граѓани, а истовремено има и активности во кои децата од основните училишта се запознаваат со Џамијата и обичаите на верниците од исламска вероипсовед.
Лаура Стојанова М-Нет