Дали знаете колку заработуваат судиите на Балканот и Европа ? Македонските судии се на дното!

фото: архива

Српскиот медиум „Mozzartsport“ нарпави стружување за примањата на фудбалските судии на целиот Балкан, а истото беше споредено со судиите од најсилните пет лиги во Европа. Разликите се големи, а особено на македонските судии.

Најлошо и најслабо платени од целиот регион се македонските судии кои судат во Првата македонска фудбалска лига. Главните судии во најсилното фудбалско натпреварување во Македонија добиваат 10.600 денари или околу 170 евра, додека пак помошцнитие добиваат по 9.600 денари или околу 155 евра, а пак четвртиот судија на натпревар во Првата македонска фудбалска лига добива по 5.100 денари или околу 85 евра. Проблемот е што македонската лига нема главен спонзор, па трошокот го делат клубовите и Федерацијата.

Ако се спореди со судиите од регионот тоа значи дека македонските судии се на дното, а пак со Западна Европа нема споредба.

Главниот судија во Грција добива 1.500 евра, додека пак во Романија 1.200 евра, во Бугарија главниот судија добива 500 евра, во Србија се добива 460 евра, во Хрватска тоа е 450 евра, во Уганрија 410 евра, во Босна и Херцеговина главниот судија добива по 330 евра, во најмалата држава од поранешна Југославија, односно во Црна Гора, главниот судија добива 290 евра.

Во Словачка главниот судија добива 750 евра, додека пак во Чешка околу 1.000 евра.

Во Македонија и Босна и Херцеговина сè уште нема ВАР и со тоа нема ВАР судии.

Секако на овие трошоци треба да се додадат и патните трошоци на судиите. Реално, секаде може да стигнете со автомобил и нема потреба од ноќевање.

Што се однесува со најсилните пет лиги во Шпанија главниот судија добива 5.900 евра, во Германија е пониско односно 3.500 евра, во Италија пак 3.400 евра, во Франција главниот судија добива 2.700 евра, а пак во Англија по натпревар од 1.715 евра, меѓутоа како додаток на платата која во просек изнесува околу 7.500 евра.

Во Македонија дефинитивно судиите се најмалку платени и се далеку од нивните колеги од регионот.