Мотоциклист изгубил контрола и паднал на коловозот во радовишко, со тешки телесни повреди пренесен во Медицински центар Штип

На 19.03.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310 во село Раклиш, С.С.(34) од село Раклиш, управувајки мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.