
Паркот во населба „Баби“ беше мета на акцијата спроведена од страна на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, за пошумување и раззеленување. Во пресрет на утрешниот ден 21 март, денот на екологијата, жените заеднички засадуваа дрва, во близина на училиштето во штипската населба Баби со цел да да се збогати просторот со дрвца и зеленило. Претседателката на Унија на жени, Христина Серафимовска, потенцираше дека ова е една од приоритетите поставени во нивната агенда и дека се работи на дело за позелена и почиста животна средина.
„Во пресрет на 21 март, денот на екологијата ние како Унија на жени организираме акција за садење на дрвца. Пошумувањето и грижата за животната средина се високо позиционирани на нашата партиска агенда која може да се види на дело. Изминативе денови бевме сведоци дека имаше акции на пошумување од страна на градоначалникот на Општина Штип, Унијата на млади сили, а еве сега и Унијата на жени. За волја на вистината сведоци сме дека претходните години владеење на ВМРО ДПМНЕ, прашањето за пошумувањето беше едно од главните.“ – вели Серафимовска.
Претходно се пошумуваше просторот во штипски Кумлак, каде вработени од општината, администрацијата и јавните претпријатија засадија 4000 садници црн бор. Нови дрвца се засадија и во коритото на река Отиња, а ваквите акции треба да продолжат и во иднина.
Лаура Стојанова М-Нет