Комисијата за заразни болести донесе предлог до Владата за донесување на полициски час за предстојниот продолжен викенд за градовите Скопје, Тетово, Куманово и Штип. Тоа се должи поради зголемениот број на новозаболени од Ковид-19 во државата. По состанокот, Комисијата за заразни болести до Владата ќе ги достави следните предлог мерки за претстојниот продолжен викенд:

Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.
Од службите на МВР е побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките.
Благојчо Костадинов/ М НЕТ