
Прволигашот Македонија Ѓорче Петров го назначи Горан Симов за нов шеф на стручниот штаб. Симов стави потпис на едногодишен договор со „лавовите“.
Симов беше освојувач со Македонија Ѓорче Петров на првиот Куп на „лавовите“ во 2006 година, тогаш како голман на Македонија Ѓорче Петров.
Последниот ангажман на Симов како тренер беше во Вардар, а претходно три години го водеше Силекс, а на клупата на Македонија Ѓорче Петров седнува како наследник на Муарем Бајрами.