
Денес беа одиграни петте натпревари од вонредното 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Брегалница го освои Кратово и во Штип носи три големи бодови, откако “сините” предводени од Горан Здравков беа подобри од Силекс со 1:2.
Брегалница на полувреме имаше гол предност (0:1) со погодокот на Ѓорѓи Ѓорѓиев, а во вториот дел Давид Калпачки зголеми на 0:2, а Стојчевски ги постави конечните 1:2.
Со овој триумф Брегалница влегува во трка за Европа.
Дерби пресметката за врвот во ПМФЛ, но и за титулата ја доби Струга Трим Љум, која со 2:1 славеше над директниот конкурент Шкупи. Стружани го “средија” Шкупи со два пенали за деби победа на новиот тренер Дуро.
За првиот пенал одговорноста ја презеде капитенот Шабани, кој биеше прецизно и погоди за водство од 1:0. За вториот пенал одговорноста ја презеде Ибраими, кој успешно реазлизираше за 2:0.
Во 97. минута беше досуден пенал за Шкупи, а Алварез погоди од белата точка за конечни 2:1.
Македонија Ѓорче Петров и Скопје ремизираа во Автокоманда играјќи 1:1. Матхеус погоди за “лавовите”, а Хајдари во 94. минута обезбеди бод за “пиратите”.
Академија Пандев со сигурни и убедливи 3:0 лесно прокнижи три бода на домашен терен против Победа со погодоците на Ѓоргиевски, Велиновски и Врдолјак.
Шкендија беше убедлива на свој терен против Работнички за победа од 3:1. Цаке и Милев погодија за 2:0 на полувреме, а во вториот дел Музејиновиќ зголеми на 3:0, а пак Рушевиќ ги постави конечните 3:1.