
Денес беа одиграни натпреварите од вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност да уживаат во соочувањето на Каменица Саса и Слога од Виница, дерби на Истокот кое заврши со триумф за “рударите” со минимални 1:0 кои сега грабат кон опстанок, а Слога го закомплицирува опстанокот.
Херој за Саса беше Сашо Дуков кој погоди во 97. минута од белата точка.
Во директната пресметка Гостивар и Пелистер бодовите беа поделени (1:1).
Христов погоди за Гостивар, а Благоја Љамчевски за 1:1. Во вториот дел мрежите мируваа.
Ваквиот “кикс” го искористи Вардар кој лесно со 2:0 го доби “фенерџијата” Борец со двата погодоци на Жоглев и голот на Јусуфи.
Воска Спорт со минимални 0:1 го доби дуелот со Беса со голот на Рамадани.
Охрид конечно победи откако дома го доби Арсими со 2:0 со головите на Матески Аљтин Лога.
Во Радовиш екипите на Детонит Плачковица и Кожуф ги поделија бодовите играјќи реми без голови (0:0).
Дуелот меѓу Локомотива Пехчево и Беласица не се одигра во закажаниот термин поради напад на гостинската екипа од Струмица.
Колото ќе го комплетираат Караорман и Тетекс, а овој меч е закажан утре.
Воска Спорт и Вардар го делат врвот, а потоа следуваат Гостивар и Пелистер.